Просечната плата што ја имавме во 2016 година ќе биде иста со минималната плата во 2024 година, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21 по владината одлука за зголемување на минималната плата на 20.175 денари. Тој додаде дека платите во текот на годината ќе се зголемат повеќе од инфлацијата имајќи предвид дека годината ќе заврши со инфлација од 7,1 отсто.
„Не сакав да водам демагогии, но далеку од скромност, минималната плата годинава, поточно на почетокот на следната година, ќе ја покачи минималната плата на просекот што го имавме во 2016 година, а ова уште еднаш покажува дека ова Владата е посветена на пораст на платите и во јавниот и во приватниот сектор. Само за информација за граѓаните, во 2016 година просечната плата беше некаде околу 23 илјади денари, а денес е над 34 илјади денари, а како што претходно истакнавме, успеавме да се доближиме до просечната плата од 2016 година. Што се однесува до куповната моќ, за разлика од претходната година, освен во вториот дел од годината, успеавме да постигнеме успех во однос на покривање на трошоците од две минимални плати во домаќинство, кои беа некаде околу 18 илјади денари, и трошоците, т.е. потрошувачката кошничка не беше повеќе од 35 илјади денари, за жал, имаше речиси глобален пораст и во втората половина од годината потрошувачката кошничка се зголеми на приближно 50 илјади денари“, вели Бектеши.
