Бектеши: Времено ќе забраниме извоз на брашно, ќе се формира Фонд за туризам за поддршка на секторот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Времена забрана за извоз на брашно кон трети земји, формирање на Фонд за туризам за поддршка на туристичкото стопанство, барање до ЗАМП за стави мирувањата побарувањата од рестораните и хотелите се дел од мерките на Министерството за економија за ублажување на последиците од вирусот Ковид 19. На почетокот на неделата Владата донесе одлука да ги замрзне цените на основните прехранбени производи со цел да не дојде до ценовни шокови.

Ова се дел од мерките кои ги промовираше министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес -конференција во Владата заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска, вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска -Бежоска.