Белгиската полиција уапсила еден вработен во фирма од Хаалтерт, кој бил во посета на Македонија и се вратил на работа без да ги почитува санитарните прописи за Ковид -19 кои се во сила во Белгија.
„Лицето беше веднаш уапсено и ставено во карантин“, соопшти градоначалникот Верле Баејенс.
Според градоначалникот на Хаалтерт, работникот не го пополнил формуларот по неговото враќање од Македонија која е во црвената зона на Ковид-19, и не ја почитувал обврската да се стави во задолжителен карантин. Постапката на полицијата според него е брза и соодветна.
„Лицето беше тестирано и резултатите ќе бидат познати во текот на денот. Во зависност од нив, ќе бидат преземени и мерки во претпријатието“, додаде градоначалникот.
Преторијатието и вработените беа информирани за настанот, а несовесниот работник, ризикува и парична казна за непочитување на мерките против Ковид-19
