Белградскиот маратон одложен, засега нема информации за одложување на скопскиот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Белградскиот маратон кој требаше да се одржи на 26. април оваа година, е одложен за во октомври. Причината е поради коронавирусот и забраната за масовни собири.

Засега не е познато што ќе се случува со скопскиот маратон, но ако продолжи ваквото ширење на коронавирусот, тогаш голема е веројатноста и тој да биде одложен.

Скопскиот маратон оваа година е предвиден за 10 мај. На 19. април е закажан и маратонот во Приштина. И за него засега нема официјална информација дали останува за тој датум, или ќе се одложи.