ТВ21 почнува со регионалниот серијал “Робин Худ”, во соработка со колеги од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Обработуваме теми за кои јавноста мора да слушне.
Првата епизода ја емитуваме денеска со почеток 21:15 часот.
Посветена е на нашите колешки новинарки, но и колеги новинари и нападите врз нив при професионалното известување.
Во првата емисија разговараме со Павле Беловски, претседател на Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, кој вели дека треба да се поттикнеме дека само преку пријавување и борба за процесуирање можеме да ја промениме состојбата.
„98 проценти од случаите ни завршуваат со такви одговори. Ех, голема работа, ве навредил некој на интернет, ве опцул. Па секој ден се пцуеме во сообраќајот. И нашите пријави најчесто завршуваат така. Од таму се добива впечаток дека кога ние пријавуваме, не се процесуира, и ние потоа се обесхрабруваме. Целата борба која ние ја водиме, еве јас и ти денеска ова драгоцено време што го употребуваме, да поттикнеме дека само преку пријавување и борба за процесуирање можеме да ја промениме состојбата“, вели Беловски.