Генералниот секретар на Движење Беса, Арјанит Хоџа, синоќа во Клик Плус рече дека Беса испаднала мудра и им го скршила филмот на владините партнери Заев-Ахмети-Тачи кои според него имале сценарио како АА кога излезе од в ладата во 2017.
Арјанит Хоџа: Во дебатните емисии овде кај вас кажа Мендух Тачи како гледаат на коалициониот партнер Беса во иднина. Се сеќавате кога тој рече дека Беса ќе излее од влада, дека нема да го добие Тетово и дека Алтернатива ќе ја замени, ова се зборови на Мендух Тачи.
ТВ21: Биљал дома, Арјанит свири на чифтелија, вака кажа г.Тачи.
Арјанит Хоџа: Драго ми е што му го скршивме филмот и на г. Тачи и на г. Ахмети и на г. Заев. Бидејќи филмот нне беше нешто добро, надвор од тоа сценарио што беше посакувано што и се случи на АА во 2017.
Хоџа го коментираше и влегувањето на Алтернатива во влада.
„Влегувањето во влада е само за позиции, за никаков друг идеал. Тие влегоа во влада за да се спасат себеси и мислам дека ќе биде многу полошо отколку состојбата што можеа да ја имаат во опозицискиот табор“, посочи Арјанит Хоџа.
Генералниот секретар на Беса очекува во 2022 земјава да оди на предвремени парламентарни избори а според него , албанската опозиција ќе биде политичката иднина.
„Сега истото го кажувам дека ДУИ ќе претрпи тектонски потреси и политичката иднина на Албанците, барем во следниот изборен циклус ќе биде албанската опозиција. Јас ги гледам следните предвремени избори во 2022. Оваа влада е нестабилна и нелегитимна“, вели Арјанит Хоџа.
Во текот на емисијата Хоџа упати низа критики на адреса на владините партнери, СДСМ и ДУИ, а рече дека мотив на Беса е заминувањето на ДУИ во опозиција. За ВМРО-ДПМНЕ рече дека сфаќаат дека Преспанскиот договор е реалност што не може да се смени.
