Беше ветен за три месеци, поминаа пет – Касами: Компанијата не го почитува договорот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Никако да се пушти делот од булеварот „Благој Тоска“ кај тетовската касарна. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, вели дека изведувачот не го почитува договорот со општината, затоа општината започнала законски постапки.

„Таму реално имаме проблем со фирмата што ги изведува работите, не знам каква е природата на проблематика која ја имаат, и претходно кажав дека оваа состојба не се толерира, ќе се преземат мерки, веќе дадов наредба до надлежниот сектор, почнаа со преземањето мерки согласно законот и согласно договорот што го имаме за компанијата која ги пролонгира работите таму и тука ќе постапиме согласно законот и во во согласност со договорот што го потпишавме со компанијата“, вели Биљал Касами.

Овој дел од булеварот кај касарната почна да се гради на 19 февруари, неколку дена пред кампањата за парламентарните избори. Тогаш градоначалникот на Тетово Касами, рече дека ќе биде готов за три месеци.

„Денеска сме тука да видиме како почнале и за да ја следиме реализацијата на овој проект кој ќе биде завршен за не повеќе од три месеци“, порача Биљал Касами.

ТВ21 излезе на терен, а од она што го видовме денеска таму, градежни активности нема. Според моменталната состојба, овој булевар од две коловозни ленти ќе добие само една, бидејќи објектите кои требаше да се отстранат се уште се тука.