Ова е спортската сала изградена во Основното училиште „Фаик Коница“ во кичевското село Грешница. Камен темелникот беше поставен во јуни минатата година, а тогашните ветувања беа дека во рок од 7 месеци
Судејќи по ветувањата, учениците во оваа спортска сала требаше да влезат во јануари годинава, но таа сѐ уште не е отворена. Дури за време на предизборната кампања за локалните избори, салата повторно беше промовирана од страна на политичарите.
Активностите по предметот физичко воспитание учениците ги вршат во училишниот двор. ТВ21 го праша одговорниот за Секторот за образование во општината – зошто и по повеќе од година и пол од поставувањето на камен темелникот, салата сѐ уште не е отворена? Тој одговори дека задоцнувањето е резултат на зајакнувањето на противпожарниот систем.
Салата зафаќа површина од 1.000 метри квадратни и е инвестиција вредна 24 милиони денари. Од општината уверуваат дека наскоро се очекува и свечено отворање на спортскиот објект.
