ОЈО ГОКК отвори нов предмет за Дејан Јованов-Деко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција постапува во нов предмет поврзан со Дејан Јованов-Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. До судот е доставен и предлог за определување мерка притвор.

Според информации на ТВ21, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до судот доставило нов предлог за определување мерка притвор за Јованов, овојпат во рамки на нов предмет.

Изворите посочуваат дека истрагата се однесува на сомнение за кривично дело „давање поткуп“. Засега нема официјални детали за тоа на кои конкретни дејствија се однесува истрагата, ниту дали со неа се опфатени и други лица.

Новиот предлог за притвор доаѓа непосредно пред истекувањето на актуелната мерка притвор на Јованов во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Според неговата одбрана, актуелниот притвор истекува на 3 октомври по сила на закон.