Бесплатен роаминг со земјите од Западен Балкан – ќе има ли таков договор и со ЕУ?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Договорите на корисниците на  мобилните оператори во земјава од летово ќе важи и при патување во земјите од Западен Балкан. Тоа значи бесплатен роаминг, а подетално објаснува директорот на АЕК, Јетон Акику.

„На граѓаните кога ќе бидат во Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора од први јули нема да им се наплаќаат екстра трошоци за повиците, СМС пораките и за интернетот што ќе го користат во странство“, истакна Јетон Акику.

Во рамки на договорот за добрососедство помеѓу Северна Македонија и Бугарија една од точките беше роамингот. Но, има проблем, бидејќи Бугарија е земја членка и не може само со оваа земја да се потпише договор. АЕК е во преговорисо ЕУ споменатите услови за нашите корисници на услугите на мобилните оператори да важат и во земјите членки на Унијата.

„Во фаза сме кога сакаме да направиме да го имаме истиот договор и со ЕУ. Да не бидат само 6, туку плус 28, во 34 земји да ги користат услугите без роаминг“, додава Јетон Акику.

Но, сега за сега останува да се разреши дилемата дали треба да се потпише договор со сите шест сите  од Западен Балкан заедно или посебно. Западен Балкан не е во ЕУ, а ЕУ не може да потпише нешто што ќе важи за сите држави.

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти. Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.