Попладне е, а овие активисти од Кичево почнале со подготовка на ифтари за лицата во лоша финансиска состојба. Едни ги доставуваат пакетите, а другите спремат месо на скара со цел да биде храната топла пред ифтар. Финансиските средства се од разни хумани луѓе од нашата земја и од странство.
„Помагаме што повеќе во овој месец Рамазан, делиме ифтари, сè се подготвува овде, ние спремаме, свежо е, паркетирањето го правиме овде, дел од храната се дели овде на лице место, а дел се дели по селата, секаде каде што има потреба, ни се јавуваат ден однапред и утредента точно знаеме колку ифтари треба да подготвиме, а поделивме и прехранбени пакети пред неколку дена.“, рече Бурим Сејдини.
Овие активисти секој ден своеволно се собираат од 17 часот и почнуваат со подготовка и пакување на пакети со храна за лицата кои имаат потреба. Велат дека тоа го прават секоја годин. Наместо замор, велат чувствуваат задоволство бидејќи им помагаат на другите.
„Веќе три години сме дел оваа активност и поради месецот на Рамазан делиме ифтари и прехранбени пакети.“
Во Кичево оваа традиција на бесплатни ифтари трае три години по ред во текот на месецот Рамазан.
Покрај ифтари што се делат кај Берза, активистите делат пакети со помош за семејствата кои немаат можност да имаат богата трпеза за ифтар.
