Бесплатни студии во Словенија – повеќе пракса и можност за работа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Средношколците кои се уште не одлучиле каде ќе студираат, но сакаат тоа да биде надвор од Македонија, Словенија нуди можност на стипендии. Во стипендијата спаѓаат бесплатно сместување, исхрана и превоз. Студентите ќе треба да научат словенечки и да знаат англиски јазик.

„Студентите кои доѓаат од Северна Македонија, не треба да плаќаат школарина, затоа што имаме национален договор помеѓу Македонија и Словенија. Ако студираат редовно нема потреба да плаќаат школарина, а треба да плаќаат само ако се одлучат вондредно да студираат. Треба да плаќаат само ако сакаат докторски студии или пак веќе завршиле студии на друг факултет. Имаме многу поволности за студенти, има бесплатна исхрана и превоз имаат можност и да работат. Имаат право и да работат но најбитно е да студираат“, истакна Катја Церар.

Примамливо е и тоа што голем акцент се става на практичниот дел на наставата, која обично се изведува во фирмите со кои факултетот има договор за соработка.  Студентите се платени за време на праксата, а и голем број од нив се вработуваат во фирмите каде што оделе на пракса.

Ангела Диванисова од Виница завршила електротекника на Универзитот во Љубљана. Сега работи во Фирма во нејзиниот роден град. Вели дека и недостига Љубљана но затоа често ја посетува.

„На почетокот не го знаев словенечкиот јазик, но можеби поради природата на факултетот беше повеќе технички, математика и програмирање. Сето ова ми беше добро познато од средно училиште со тоа ми беше полесно да се адаптирам во првата година за студиите. За Словенија и за стуидиите можам само да кажам пофални зборови бидејќи практичното знаење е на многу високо ниво и со тоа моногу добро да се усовршите професионално. Јас имав можност да се усовршам во автоматизацијата и роботиката“, додава Ангела Диванисова

Во универзитетот на Љубљана студираат вкупно 40 илјади студенти, над 3 илјади се странски студенти. Во академската 2018-2019 година 700 студенти од Македонија се запишале на Универзитетот во Љубљана.  Словенија има склучено билатерален договор со земји кои не се членки на Европската Унија: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, со цел студентите да можат да студираат бесплатно.