Албанската полиција објавува дека спровела операција во Валона во врска со случај на трговија со дрога, каде што во центарот на истрагата е државјанин на Македонија, јавува ТВ21.
Полицијата го уапси 53-годишниот маж со иницијали Б.Л., жител на Северна Македонија, за кој постои сомнение дека изнајмил стан во населбата „10 Корику“ во Валона со цел криење и подготовка на кокаин и канабис сатива за продажба.
При претресот на станот, каде што беа пронајдени уште двајца соучесници, запленети се количини дрога, електронска вага и три мобилни телефони.
