„Бетонизација“ на Водно – бетонирањето на дворовите опасност за Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Населба Водно покриена од магла и од далечина, освен што е на падини на планина, по ништо друго не се разликува од сличните скопски населби. Но, падините на кои лежи, се природен пат на водите кои знаат да го поплават Скопје.  Со досегашната бетонизација на оваа елитна населба скоро и да се поништи се што беше направено во минатиот век и во иднина вака би изгледало Скопје ако паднат слични количини дожд како и при трагедијата во Стајковци во 2016 година кога настрадаа 22 лица. 

Сината боја би било поплавено подрачје. Оваа позната опасност се зголеми поради градење на Водно надвор од предвидените урбанистички планови.

„Бројките кои што во моментов ги имаме се надминати, мислам дека околу три пати во однос на ГУП – от со ДУП –от)“, вели Горан Герасимовски.

Со ваквото градење надвор од законите, бидејќи Генералниот урбанистички план има важност над деталните планови, се бетонираше земјата, која по правило впива 50 отсто од водата. Што повеќе бетон, повеќе и вода и улицата Водњанска која веројатно би била река при посилен дожд.

„Таму има и друг проблем. На пример некој си преградува, некој каналот го затрупал, на пример Падарница, некаде има некои објекти над каналот што се, што сметаме дека се несоодветни, меѓутоа земете ја и германска амбасада над каналот е направена… Ако дојде до голема вода, никој не знае кога ќе се јави силен дожд. Но ако падне таков јак дожд од Водно, тоа ќе биде во Скопје штети, штети огромни…“, вели Иван Блинков.

Професор Блинков кој е експерт за порои вели дека е против тоа да се гради на Водно бидејќи оваа подрачје уште 1954 е прогласено за ерозивно и уште тогаш се преземени огромен дел од мерки за да се заштити Скопје од поплави предизвикани од порој.

Но, бројките кажуваат дека најмногу се сака да се гради во општина Центар каде што се наоѓа и оваа населба. Статистиката покажува дека во ова а општина во октомври имало одобренија за изградба на 322 стана во 10 објекти или 68 отсто од сите станови во скопскиот регион, додека во ноември 54 отсто од одобренијата за станови биле во Центар. Дел од нив се и на Водно.

Но, дополнителна бетонизација сакаат и тамошните жители кои во општинските анкети се изјасниле дека над 50 отсто од нив сакаат зголемување на габаритот на нивните објекти во новиот Детален урбанистички план кој се изготвува и во моментов е во Град Скопје за усогласување со ГУП – от. За советникот од Шанса за Центар Јане Димески ова барање не би требало да биде прифатено бидејќи ќе значи дополнителна бетонизација на земјата.

„Тоа е еден од аспектите кои што придонесува нашиов град и нашава општина да изгледаат вака како што изгледаат, претрупани, преградени, и без основен минимален квалитет на живот. Тоа е апетитот кој се роди кај луѓето поради оваа бескрајна градежна експанзија, високи цени на станбениот простор ит, и сите се надеваат на брз профит, од тој аспект. Тоа е многу штетно особено за Водно“, вели Јане Димески.

Димески предупредува дека тие што градат на Водно на неколку начини го изигруваат Законот за да изградат што е можно повеќе квадрати, при што една од методите е да се подели парцелата на два и наместо четири станбени единици за семејно домување, да се изградат осум стана. Градоначалникот Герасимовски вели дека прават се за да нема изигрување на законите и да се најдат решенија.

„Преку се поголем број на контроли, измена на правилниците, целосно вклучување на вработените пред да се издаде одобрени за градба, излегување на терен за да се види моменталната фактичка состојба треба да го подобри начинот за да се подобрат условите за живот и целосна грижа за јавното добро“, додава Горан Герасимовски.

Димески пак потсети и на тоа дека во тек е борба меѓу општината и Агенцијата за управување со запленет имот околу таканаречените Плацеви на Водно кои беа во сопственост на Мијалков и Груевски, при што Агенцијата сака и понатаму да може да се гради во на овие парцели кои се во шума, а општината бара да си остане недопрена природа.