Македонските рубини влегуваат во нова фаза на заштита, сертификација и промоција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во понеделник, 21 септември, ќе ги презентира следните чекори за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин, пренесува ТВ21. Фокусот ќе биде ставен на воспоставување систем за сертификација и следење на потеклото, како и на неговата промоција на меѓународниот пазар.

Министерката Сања Божиновска, Комисијата за македонски рубин и претставници на надлежните институции ќе ја презентираат досегашната работа и идните активности.

Македонскиот рубин се наоѓа во областа на Прилеп и Мариово и се карактеризира со розово-малина боја, поврзана со присуството на хром. Процесот за институционална заштита на македонскиот рубин започна во септември 2025 година.