Не се знае уште колку долго бетонските барикади ќе останат во улица Цветан Димов. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека ова не е убаво решение за жителите на Чаир и дека таму треба да има модерно решение, но не прецизира кога ќе ги отстрани бетонските барикади и какво решение нуди таа.
Шилегов планираше да направи подземен премин, но со тоа за две години ќе се блокира таа улица, вели градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој за ТВ21 изјави дека во текот на идната недела ќе се сретне со Арсовска со цел да се дефинира конечното решение за улица Цветан Димов и вети дека тоа ќе заврши во текот на овој мандат.
Потсетуваме дека бетонските барикади беа поставени од екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, со цел регулирање на сообраќајот, но во овој дел сè уште преовладува хаос во текот на целиот ден. Арсовска во текот на изборната кампања вети дека штом дојде на власт ќе ги отстрани барикадите.
