Без куќа и месечни примања – сопружниците од Сарај заедно со нивната ќерка можат да останат на улица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мала соба која воопшто не ги исполнува елементарните услови.

Немаат ниту храна. Преживуваат од пакетите за помош што ги добиваат.

Светлана Гаши и Невзат Елмази од скопски Сарај, заедно со нивната ќерка живеат во оваа куќа која не е нивна туку на нивен пријател кој им дозволил да останат таму за да не бидат под отворено небо.

Домаќинот Невзат вели дека боледува од епилепсија и не може да работи. А Светлана вели дека не може да работи бидејќи, како што вели, нема кој да се грижи за нивната мала ќерка. Велат дека порано биле приматели на социјална помош, но таа им е укината.

„Куќата е на негов пријател, тој ни дозволи да ја поминеме тука зиманата и да не останеме надвор, додека да видиме што ќе направиме со социјална“, вели Светлана Гаши.

Барате помош само од Социјална?

„Ние сме се јавиле секаде, но се уште немаме . . . Црвен крст ни донесе храна, намирници, јоргани, облека, лекови, бидејќи бевме болни“.

Дали имате месечни примања?

„Не, воопшто, катастрофа“

Невзат вели дека кога земале социјална помош подобро живееле и платиле кирија.

Прашавме во Центарот за социјални работи зошто им е укината социјалната помош, но од таму ни рекоа дека ќе контактираат со семејството и ќе им се објасни постапката.

„Ќе контактираме со лицето и ќе се објасни како се води постапката, веројатно ќе добијат позитивен одговор. Иако им е објаснета целата процедура, но како што изгледа станува збор за лице со тенденции за конфликт, така да има информации што ќе се случи и што се случи со предметот“, велат од Центарот за социјални работи.

 Инаку оваа семејство кое апелира за помош, се наоѓа во Сарај до новата поликлиника.