Без маска само на часовите по физичко – родителите одлуката ја нарекуваат срамна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предметот физичко образование во училиштата од денеска ќе се одвива без заштитни маски. Ова на барање на поголема група родители, кои оценуваат дека истото е штетно за учениците. Првиот човек на родителското движење „Стоп за осењето маски во училиштата“ Трајче Петковски е задоволен што нивното барање било прифатено, но додава дека истото треба да важи  за сите паралелки. Ние не бараме многу, бараме само право на избор, кој ќе ги пушти децата на училиште со маски, а кој ќе сака без маски.

Министерот за образование Јетон Шаќири не се меша во одлуките на Комисијата за заразни болести. Запрашан дали учениците треба да следат настава без маски, тој рече дека тоа најдобро го знаат здравствените експерти.

„За мене е поважно што скринингот во основните училишта што се одржа во Град Скопје даде податоци дека бројот на заболени деца бил многу мал на скринингот што го направи Министерството за здравство. Министерството за здравство во координација со Комисијата за заразни болести верува дека кога ќе сметаат дека ќе биде оправдано, ќе ја донесат мерката што ќе се однесува на  олеснување за учениците“, истакна Јетон Шаќири.

Инаку, Комисијата за заразни болести имаше неделен состанок на кој се разговараше за епидемиолошката состојба во земјава, но не беше дадена препорака за укинување на маските во училиштата.