Македонија нема да има никаков проблем од безбедносен аспект, но ќе претрпи економски и ќе има зголемување на цените на производите, изјавија професорите по безбедност, Александар Нацев и Методи Хаџи Јанев во емисијата „Клик Плус“, каде се дебатираше за конфликтот во Украина.
Професорот Хаџи Јанев пак, истакна дека оваа ситуација нема да има директно влијание.
Хаџи Јанев смета дека зависи од Путин колку ќе трае оваа состојба. Имајќи предвид дека ниту НАТО, ниту САД немаат намера да испратат сили во Украина, професорот смета дека страните ќе продолжат да се потпираат на демократијата и економските санкции за да го „притиснат“ Путин и да го натераат да сфати дека го крши меѓународниот закон и на тој начин да се избегне натамошната ескалација.
