Безброј ветувања, а базен нема! Затворениот базен во Кичево три години во фаза на карабина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иницијативата за изградба на затворен базен во Кичево во 2020 година ги израдува кичевци, но нивната надеж веќе исчезна.

-Ова е затворениот базен во Кичево кој почна да се гради во 2020, предвидениот рок беше 18 месеци, но како што може да се види иако е веќе 2023 базенот е оставен во фаза на карабина. Не е преземено ништо освен поставувањето на страничните табли, се чека да се види дали ова лето кичевци ќе можат да се освежат во базенот или тоа ќе остане само ветување на хартија-рече репортерката на ТВ21 Салије Садику.

Еден граѓанин кого го сретнавме овде е скептик дека базенот некогаш воопшто ќе се изгради.

-Поминаа три години!
-Дали мислите дека ќе биде завршен?
-Никогаш, никогаш, кој да го заврши?

Затворениот базен прв од ваков тип во Кичево, е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт, во вредност од 43 милиони денари. Заменик директорот Исак Љазами за ТВ21 од овде рече дека компанијата која го добила тендерот имала проблеми но додава дека набрзо ќе започнат работите.

-Компанијата која го гради затворениот базен во Кичево, имала проблем затоа се одложени работите. Ве информираме дека сме во постојан контакт со компанијата и се очекува следните недели повторно да почнат работите, се очекува до крајот на годината базенот да биде завршен“, рече Љазами.

Колку за потсетување, пред 3 години, кога се ставаше камен темелникот, присутни беа и министерот за економија Крешник Бектеши кој базенот го нарече инвестиција која му недостасувала на Кичево, а заедно со градоначалникот Фатмир Дехари ветија реализација побрзо од предвидениот рок.

-Тоа е инвестиција што и недостигаше на општина Кичево, но истовремено испраќа и порака дека вакви значајни објекти, особено за младите во нашата земја, не се градат само во Скопје“.

-Во заклучокот, како што напомена директорот со предвидената динамика, за 18 месеци, можеби и порано да биде во употреба.“, рече тогаш Дехари.

Во близина на базенот се наоѓаат и градската градинка и основното училиште „Санде Штерјоски“, каде, како што можете да видите на сликата, децата кога ќе излезат во дворот ја дишат лошата миризба од ѓубрето што го прекрило ова. место од сите страни. Камерата на ТВ21 го сними моментот кога жител доаѓа да фрли ѓубре и градежен отпад.