Би-би-си истражува како известуваат руските медиуми, Русите велат дека украинските сили се виновни за воените злосторства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Почнуваме со последните вести од Донбас, војниците на Народната Република Луханска ја продолжуваат офанзивата, поминале три километри, а единиците од Донечка Народна Република поминале 16 километри“.

Ова е дел од известувањето за ситуацијата во Украина на првиот ден, преку програма на НТВ, која е во сопственост на Гаспром, компанија под контрола на Кремљ, јавува Би-Би-Си. Новинарите се фокусираа исклучиво на Донбас, регион во источна Украина. Русија тврди дека започнала војна на 24 февруари за демилитаризација на Украина. Никаде не се споменува конвојот долг еден километар кој се движи кон Киев, за кој што известува целиот свет, пишува Би-Би-Си.

„Тие се однесуваат како фашисти, во самата смисла на зборот: нео-нацистите ја поставија својата опрема не само покрај живеалиштата туку и таму каде што се засолнати децата во подрумите.“

На Русија1 и Канал 1, двата најгледани канали под државна контрола, вестите велат дека украинските сили се виновни за воени злосторства во Донбас, додавајќи дека украинските националисти се закана за цивилите.

Во меѓувреме, на рускиот државен канал 1, покрај дневната програма, објавени се и две фотографии од истото уништено возило. На фотографијата погоре е прикажано украинско возило уништено во Донбас во 2014 година, а фотографијата подолу е монтажа што ја користат Украинците кои тврдат дека тоа е руско возило што сега го уништиле, се вели во веста на Би-Би-Си.


Би-Би-Си направи студија за тоа какви информации Русите добиваат за војната од медиумите.


За споредба, анализирани се некои од најгледаните канали во Русија и контролирани од државата. Водителот на Канал 1 вели дека Украинците се подготвувале да гранатираат станбени згради и магацини за да ги испровоцираат руските цивили и сили. Кога зборуваат за Украина, не зборуваат за војна, туку ја нарекуваат воена операција за демилитаризација насочена кон воени структури.
Ја обвинуваат Украина, тврдејќи дека Украина ги користи жените, децата и постарите лица како жив штит.

И додека западните медиуми пишуваат дека војската на Путин се бори во Украина со силен украински отпор, пораките на руските програми покажуваат колку е успешна руската воена операција, според истражувањето на Би-Би-Си.


Голем број млади Руси се информираат преку независни медиуми или социјални мрежи, пишува Би-Би-Си. Но, властите реагираат со цензурирање на независните медиуми.