Биљал Касами во изборни дебати на ТВ21 – „Не бараме гласови за СДСМ, туку за себе“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Влегоа во заедничка предизборна коалиција, но гласови бара секој за себе. Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, вели дека во нивната кампања не ги бараат гласовите на Албанците за нивниот коалиционен партнер, СДСМ, туку исклучиво за Движењето Беса.

Биљал Касами: Не знам и за мене не е толку важно како Албанците ја прифаќаат СДСМ.
Ф.А: Влеговте во коалиција со СДСМ, како не е важно и како не ве интересира што велат Албанците за неа?
Биљал Касами: За мене е важно како Албанците ја прифаќаат Беса на терен. Ние на овие избори не бараме гласови за СДСМ, туку за Движењето Беса и за коалицијата „Можеме“ од која дел е Беса.

Касами вели дека ДУИ излезе со идеја за премиер Албанец само за да се спаси, бидејќи знаела дека повторно ќе освои помалку пратенички мандати. Како што додава, Заев не рекол дека не прифаќа премиер Албанец, туку дека нема да прифати никакво условување од страна на ДУИ.

Биљал Касами: Кога вели Зоран Заев дека нема да прифати уцени од ДУИ…

Ф.А.: И дека ќе им даде пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, велат продолжување…

Б.К.: Не, дека не прифаќа кандидат Албанец за премиер.

Ф.А.: Само да биде премиер Албанец.

Б.К.:Не, не е така.

Ф.А.: Е како не?

Б.К.: Не е така.

Ф.А.: А што е условот на ДУИ?

Б.К.: Условот на ДУИ е Насер Зибери…

Ф.А.: Албанец е, не можете да му кажете ништо друго.

Б.К.: Дозволете ми 1 минута, остави го телефонот, да објаснам за премиерот Албанец.

Касами изрази убеденост во победа на 15 јули, тој исто така зборуваше и колку  пратеници очекува да добие на овие избори. Зборуваше и за несогласувањата со Алтернатива и Движење Беса, плановите и капиталните проекти на коалицијата „Можеме“.