Билетите за гостувањето на Германија во Скопје се распродадени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Распродадени се билетите за фудбалскиот натпревар меѓу македонската и германската репрезентација, кој на државниот празник 11 октомври ќе се одигра во Скопје, во рамки на мундијалските квалификации, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

ФФМ преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена, (33.4000 седишта) колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за СП, апелираше попладнево ФФМ.