Коментирајќи го ставот на големите компании за производство на леб дека со зголемувањето на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, претседателот на Регулаторна комијија за енергетика, Марко Бислимовски, им порача дека законси се обврзани да се снабдат со струја од слободниот пазар и дека не смеат да се снабдат од ЕВН Хоум
За евентуално намалување на мрежарината, доколку се зголеми цената на елетричната енергија, Бислимовски рече дека тоа ќе се одреди на крајот на годината, само доколку нема драстични промени.
Мандатарот Христијан Мицкоски, ги уверува граѓаните дека од први јануари ќе се намали цената за електрична енергија.
„Секое поскапување има причина зошто тоа е така. Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на една дебата и дискусија за враќање на цената на електричната енергија, односно да ја разгледаме и можноста дури и за намалување, имаме план, имаме начин во периодот што следи како да го направиме“, вели Христијан Мицкоски.
Инаку за можноста за намалување на мержарината од први јануари, Бислимоски рече дека треба да се види колку ќе биде загубата, а потсети дека ќе имаме нова Влада и ново раководство на ЕСМ.
