Европската Унија одобри речиси 1.600 нови санкции против Русија, со фокус на нејзиниот воено-индустриски комплекс, потврди во понеделникот високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
Повеќе од половина од мерките се поврзани со синџирот на производство на балистички ракети, соопшти Калас на Форумот за безбедност во Варшава.
„Повеќе од половина се поврзани со синџирот на производство на балистички ракети“, изјави таа.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во понеделникот го потврдија договорот за овие мерки, кој беше постигнат минатата среда.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, зборуваше на форумот за напорите на неговата земја да стане членка на Европската Унија.
Тој истакна дека Украина продолжува да работи на исполнување на потребните услови за членство и оцени дека „европската иднина на Украина е блиску“.
