Црна Гора затвори три, Албанија уште едно поглавје од преговорите за членство во ЕУ – Фон дер Лејен: „Денес правиме значаен чекор кон покомплетна Унија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дел Лајен, го поздрави затворањето на три поглавја за Црна Гора и едно за Албанија од преговорите за членство на двете земји во Европската унија

„Денес правиме значаен чекор кон покомплетна Унија. Ја поздравувам одлуката за затворање на уште три преговарачки поглавја со Црна Гора и уште едно со Албанија. Ова е резултат на напорната работа на двете земји. Но и на извонредниот европски дух на нивните граѓани.“, напиша шефицата на Европската комисија во објава на социјалните медиуми.