Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 се осврна и на цените на горивата.
Тој вели дека цената на нафтата расте на светската берза поради геополитика, и затоа цените растат и кај нас.
„Не расте само кај нас, туку насекаде низ светот. За мене таа одлука е неразбирлива, но тоа е тоа, имаме одреден тренд на раст на нафтените деривати. Јас верувам дека ќе преовлада разумот, дека ќе се врати цената на една нормала како што беше пред еден месец, и ќе се стабилизира состојбата“, вели Бислимовски.
