Околу демографијата, пратеникот од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи вечерва во Бизнис 21 на ТВ21 рече дека постои опасност до 2050 година во Македонија да живеат помалку од 1 милиони лица.
„Ние многу брзо ќе дојдеме во ситуација и мислам дека Владата го знае, и се обидува преку дискусии за демографијата, и има демографска проекција, до 2050 година ако не се преземат одредени чекори, ако не се случи претпоставката да не се зачлениме до ЕУ до 2030 ако не се отвориме кон други заедници кои ќе мигрираат кај нас, ако не се случи до 2040 година да почне бран на враќање на наши иселеници, ние во 2050 година, најпесимистичкото сценарио е дека ние ќе бидеме под 1 милион луѓе“, изјви Битиќи.
