Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостин е вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Зборувавме за дефицитот на земјата, за кој Битиќи е убеден дека нема да достигне рекордни милијарда евра.
„Се обидуваме да бидеме транспарентни и пред граѓаните, и меѓународните финансиски институции. Дефицитот треба да биде прашање како е создаден. Поради две работи: мерките за помош на домаќинствата и стопанството, и дополнително намалените приходи во буџетот. Само првата половина од годината 200 милиони евра ќе не чини само енергетската криза за помош на малите корисници“, рече Битиќи.
ТВ21: Ќе стигнеме до дефицит од милијарда?
„Па нема да стигнеме“, вели Битиќи.