Вредноста на американскиот долар падна, додека Биткоинот достигна ново високо ниво непосредно пред инаугурацијата на Трамп. Најголемата криптовалута достигна вредност од 109.071,86 долари. Mинатиот пат се зголеми за 4,2% на 108.025 долари, пренесува Ројтерс.
Индексот на доларот, кој ја мери американската валута во однос на шест споредливи валути, падна за 0,32% на 109,08. Минатата недела го достигна највисокото ниво во последните 26 месеци на 110,17.
За време на неговата кампања, Доналд Трамп објави дека САД ќе станат „земја на криптовалутите“, додека себеси се нарекува „крипто претседател“. На почетокот на неговиот мандат, се очекува Трамп да издаде извршни наредби насочени кон промовирање на широко распространето усвојување на дигитални средства.
Дополнително, својата наклонетост кон криптовалутите, Трамп ја потврди со лансирање на сопствена криптовалута, а истото го стори и неговата сопруга Меланија.
