Бизарни закони во САД: Забрането носење лажни бркови, јадење портокал за време на капењe, не смеете да спиете на фрижидер…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многумина кои сакаат да го посетат САД, покрај виза неопходно е малку да се информираат за хотелите, музите, кафулињата но и за законите. Авторката Ени Такер напишала листа на чудни закони ширум САД.

Овие закони како да не припаѓаат на денешното време, а изгледаат како да се пишувани пред 200 години.

Лесно можете да добиете казна, а еве некои закони кои и натаму се на сила во Америка:

  • Во Алабама е забрането да носите лажни бркови, поради тоа што би можеле да предизвикаат смеа во црква
  • На Аљаска е забрането да шепотите некому на уво, во тек на лов на лососи
  • Во Аризона ако исечете кактус, ќе добиете казна од дури 25 години затвор
  • Законот во Калифорнија забранува да се јадат портокали додека се капете во када
  • Во Колорадо го кршите законот ако позајмите правосмукалка од соседот
  • Во Вашингтон е забрането да наречете некого „кукавица“ во јавноста, ако не прифати повик за дуел
  • Флорида: Ако врзете слон за апарат за наплата на паркинг, ќе морате да платите иста цена како за автомобил
  • Во Кентаки ве чека казна ако не сте поборник на туширање
  • Џорџија: Казна за продавница за облека, доколку минувач види гола кукла на излог
  • Сите жители на Хаваи кои не поседуваат брод, ќе бидат казнети
  • Мажите во Ајдахо не смеат на својата жена да подарат бомбоњера полесна од 25 килограми
  • Во Охајо, секогаш кога минувате покрај друг автомобил, мора да свирите
  • Оклахома: Забрането е да земете гриз од туѓ хамбургер
  • Орегон: Не смеете садовите да ги сушите на крпа
  • Во Пенсилванија е забрането да заспиете на фрижидер