Бизнис секторот бара да не се носи избрзано одлуката за недела – неработен ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стопанствениците на дебатата организирана од Стопанската комора на Македонија побараа да не се носи избрзано одлуката за недела да биде неработен ден.

Посочуваат дека со предложеното решение, компаниите ќе имаат зголемени трошоци и неискористени капацитети, а додаваат и дека ова ќе се одрази на одлуките на странските инвеститори.

Бизнис секторот смета дека со новото решение, на удар ќе бидат се повеќе дејности меѓу кои се дел и трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, млекарската индустрија.

„Откази, зголемени трошоци, намалена продажба, ќе бидат последица на предложеното законско решение неделата да стане неработен ден“, велат тие.

Тие се децидни дека и досега плаќале за работа во недела, во смени или ноќе, а порачуваат и дека не се против засилени инспекции.