Блерим Сејдиу посочува зошто треба да има избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членот на раководството на Движењето Беса, Блерим Сејдиу во „EU Click“ на ТВ21 истакна треба да се организираат избори затоа што изборите ќе формираат Влада.

„Граѓаните сакаат да излезат од оваа ситуација и чекаат решение како да го сторат тоа. Ако оваа ситуација…. ние се согласуваме дека треба да излеземе од оваа состојба, ние треба да имаме избори. Зошто да организираме избори? Бидејќи само изборите ќе формираат Влада. Ние сега имаме техничка Влада, без наша волја се формираше техничката Влада…. Сакаме да има функционална Влада со слободни и демократски гласови и функционални институции со што веруваме дека ќе излеземе од оваа ситуација. Само Владата ќе успее да нѐ извлече од оваа кризна состојба“, посочи Сејдиу.