Денеска на плоштадот Македонија во центарот на Скопје со полн сјај блесна новогодишната елка.

Таа, како и минатата година, е дигитална на која ќе се менуваат различни нијанси и бои.
Оваа година поради коронавирусот нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, а ниту пак ќе има прослава за дочекот на Нова година.

Инаку, во саботата започна украсувањето на градот, а претходно градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека до 5 декември плоштадот, како и главните улици и булевари низ градот ќе бидат украсени.