Блинкен го прогласи екс претседателот на Албанија Бериша за неподобен за влез во САД поради корупција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот државен секретар Антони Блинкен на својот Твитер профил објави дека ги назначува екс претседателот на Албанија, Сали Бериша и неговото потесно семејство за неподобни за влез на територија на САД.

„Коруптивните постапки на поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша ја поткопаа демократијата во Албанија. Јас јавно ги назначувам Бериша и членовите на неговото потесно семејство како неподобни за влез во САД. Ние остануваме обединети против корупција со нашите партнери во Албанија“, пишува Блинкер.