Ниту дождот не ги спречи стружани да протестираат за лошата состојба на магистралниот пат Струга – Ќафасан. Жителите од селата Ладоришта, Франгово, Фиеришта, Калишта, Заграчани, Шум, Теферич , го блокираа магистралниот пат барајќи истиот да се реконструира што побрзо бидејќи е уништен и претставува опасност а предизвикува и материјана штета. Неколку пати е ветено но не е направено ништо, велат тие.
„Тука сме за да го блокираме патот и да и дадеме до знаење на владата дека кај овој пат треба да се постави нов слој бидејќи ги оштетува автомобилите кои поминуваат од тука, ова е меѓународен пат и сакаме да се асфалтира“, вели демонстрант.
„Поминав со автомобил, овде паднав во дупка , ја удрив колата кај гробиштата кај Ладоришта, кој ќе плати сега, никој не плаќа, ни осигурувањето“, вели демонстрант.
„Ветено е дека ќе се асфалтира овој пат, секогаш велат во март, август, септември, декември, секогаш празни ветувања, дупките се отвораат, имаше и м ногу несреќи, особено од Албанија бидејќи тие не знаат каде има дупки, имаше доста несреќи и големи штети“, додава демонстрант.
„Властите неколку пати ни најавија дека ќе почне, но народот овде секогаш чека и ова е во знак на протест да се има разбирање, нема политика, од сите заедници кои живеат тука е“, посочува демонстрант.
Протестот траеше околу 30 минути и потоа патот беше деблокиран. За овој проблем и ТВ21 известуваше неколку пати и од надлежните се дадени различни временски рокови за реконструкција на патот.
„Ова е патот Струга – Ќафасан кој ја поврзува Македонија со Албанија. Овој пат е полн со дупки, затоа жителите се собраа денеска во знак на протест и бараат патот да се реконструира бидејќи има големи дупки и е уништен. Жителите бараат проблемот да се реши што поскоро. Тие велат дека контактирале со надлежните неколку пати но до сега не е преземено ништо“, вели репортерот на ТВ21.
