Поради снегот што врнеше денеска во Горски Котар во Хрватска, на автопатот А6 Риека-Загреб отежнат е сообраќајот, а настанале и неколку сообраќајни несреќи, пренесуваат регионалните медиуми.
На некои делови од автопатот, се создале и колони долги околу два километри.
Поради снегот и зимските услови, воведени се и забрани за камиони со приколки и полуприколки, а сите други возила мора да поседуваат зимска опрема на патиштата во Горски Котар.
