BMW ги произведува најдобрите автомобили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

American Consumer Reports секоја година објавува листа на најдобрите производители на автомобили, а оваагодина BMW го освои првото место благодарение на особено добрите перформанси при возење и силните резултати од анкетирањето на сопствениците.Станувазборзастудијавокојасепозиционирани 32 маркинаавтомобиливрз основа на перформансите, безбедноста, издржливоста и доверливоста на нивните возила.

„BMW произведува многу модели со високи перформанси, добро опремени и доверливи, па не е изненадување да се види на врвот на рангирањето на нашата листа“, изјави Џејк Фишер, директорот за тестирање на автомобили во Consumer Reports.

Рангирањето може да биде од корист за купувачите затоа што им посочува брендови што се истакнуваат и некои на кои треба да им се пристапи со поголема претпазливост.

Според извештајот на Consumer Reports:

Најдобрите брендови на автомобили имаат модели што одлично котираат во нашите процени на перформансите при возење, сигурноста, задоволството на сопствениците и безбедноста. Тие имаат највисоки целокупни оцени врз основа на просекот од сите актуелни тестирани модели.

BMW, Subaru, Lexus и Honda редовно се наоѓаат на највисоките места бидејќи ги исполнуваат овие критериуми, од основните модели до луксузните возила. BMW се закити со првото место оваа година благодарение на особено добрите перформанси при возење и силните резултати од анкетирањето на сопствениците.

Genesis имаше најголем скок во рангирањето оваа година, искачувајќи се за 12 позиции благодарение на подобрената сигурност. Lincoln се искачи за 10 места со силната сигурност и додадените системи за безбедност. Но Chrysler падна за дванаесет места како последица од значително потпросечната сигурност на Pacifica Hybrid миникомбето. Брендовите со малку модели, како што е Chrysler, претрпуваат значителни промени во рангирањето секоја година.

Рангирањето може да биде од корист за купувачите затоа што им посочува брендови што се истакнуваат и некои на кои треба да им се пристапи со поголема претпазливост. Брендовите што завршуваат на дното се оние што обично не поминуваат добро на тестирањата на перформансите при возење и/или сигурноста. Тие можеби нудат добри автомобили, но не постојано и низ целиот опсег на модели, па купувачите треба да внимаваат.

За еден бренд да биде вклучен во рангирањето, CM треба да има тестирано најмалку два актуелни негови модели. Токму тоа е причината зошто Fiat, Maserati, Polestar, Ram и Rivianне се вклучени во рангирањето оваа година.

Како ги рангираме автомобилските брендови

Целокупната оцена за индивидуалните модели е заснована на четири клучни фактори: тест на перформанси при возење, сигурност, задоволство на сопственикот и безбедност.

За оцената од тестирањето на перформансите при возење, ги подложивме возилата на повеќе од 50 тестови и процени.

Оцените за предвидена сигурност се базираат на проблеми пријавени од членови во 17 проблемски области во Годишните авто анкети (Annual Auto Surveys) на CR.

Како основа за предвидувањата за задоволство на сопствениците е земен одговорот на членовите на CR на прашањето дали пак би го купиле истото возило кога би имале можност.

Безбедноста вклучува процена на достапните резултати од тестирање за судири (crash test) и дополнителни поени што им се даваат на возилата што имаат системи за спречување судир како дел од стандардната опрема.

Зелени избори означува колку од возилата на брендот што се тестирани од CR заслужиле ознака дека се вбројуваат меѓу врвните 20% од возилата со најчисти емисии, според EPA.

Линк до оргиналната објава:
https://www.consumerreports.org/cars/cars-driving/which-car-brands-make-the-best-vehicles-a6159221985/