Бочварски: Пописот има значајна улога во планирањето и развојот на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пописот е многу значајна статистична операција за урбанизација и идни планирања во сите региони низ дражавата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Општина Ресен.

Повикувајќи ги граѓаните на Преспа да се попишат во предвидениот период нагласи дека точните демографски податоци имаат значајна улога во планирањето и развојот на градовите и државата.

– Прашањето на пописот е многу значајно заради урбанизацијата и идните планирања во сите региони низ државата. Демографските податоци, карактеристики и параметри даваат значајна улога во планирањето на идниот развој на државата и градовите, инфраструктурата, протокот на возила и за развој на генералните и деталните урбанистички планови, рече Бочварски.