Бојковска: „Роаминг како дома“, целосно усогласување со европските легислативи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“. Со ова, како што велат од таму, ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните.

Ова претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка.

-Со усогласувањето на домашната законска рамка со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Владата го заврши својот дел од обврските и ја подготви Македонија за следната фаза од процесот на приклучување кон европскиот роаминг простор. Разликата е очигледна. Додека од СДС, се уште се обидуваат да ја убедат јавноста дека европската агенда е нивен приоритет, и покрај фактот што зад себе имаат оставено само неисполнети ветувања, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните, изјави Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ.