Боки 13: „И Заев имаше интерес да го снема СЈО, слушав разговори снимани од Кичеец, а се слуша Заев за избори во Охрид“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски на денешното рочиште за „Рекет“ рече дека предметот е од интерес на подземјето, главна цел било рушење на 1ТВ и на СЈО.

Тој истакна дека токму и тогашниот премиер Заев имал интерес да го снема СЈО.

„И самиот тогашен премиер Зоран Заев имаше интерес да го снема СЈО“, рече Боки додавајќи дека слушал снимени разговори кај Кичеец во кои се слушало како Заев зборувал за избори во Охрид.

Тогаш судијката го прекина Јовановски и му посочи да се држи до темата.