Боки за „фамозната“ торба: „Не сум ја допрел, потоа дознав дека имало пари, Милевски му ја врати на Камчев“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски денеска даде одговор за „фамозната“ торба од Луј Витон. Тој категорично тврди дека не ја допрел, ниту знаел дека во неа имало пари.

„Кога стигнавме со Милевски кај Камчев, тие двајца сами разговараа нешто. Потоа Милевски ја зема торбата и заминавме од домот“, вели Боки.

Јовановски рече дека не зборувал со Милевски за торбата, ниту ја допрел. Додаде дека не знаел што има во неа, и дека дури потоа од снимки дознал дека во неа имало милион евра. Откако заминале од домот на Камчев, како што рече Боки, Кичеец само го оставил, а Милевски заминал со торбата.

Истакна дека на 21. или на 22. февруари повторно заминале во домот на Камчев и торбата била вратена.

„Тогаш повторно ја видов торбата и го прашав Милевски: „Што правиш ти со таа торба“? Ми одговори нешто нејасно… Потоа истиот Милевски ја врати истата торбата кај Камчев. Затоа постојат снимки од безбедносните камери на Камчев“, додаде Јовановски.