Кон крајот на 2000-тите, Роберто Карлос беше меѓу најдобрите дефанзивци во светот. Со дресот на Реал Мадрид и со репрезентацијата на Бразил освои бројни трофеи, а во текот на кариерата беше и меѓу најплатените фудбалери во своето време.
Сепак, поранешниот бразилски фудбалер откри дека поради низа лични и финансиски проблеми изгубил речиси целото богатство што го заработил во текот на кариерата.
„Имав проблеми со луѓе кои ми ја испразнија банкарската сметка. Поради агенти и семејни прашања, изгубив 99 отсто од сè што заработив од фудбалот. Направив грешки и затоа ги повикувам помладите играчи да не ги повторуваат истите грешки. Имав сериозен проблем со мојот поранешен агент. Имав и многу сериозен семеен проблем“, изјави Карлос.
Тој овие детали ги сподели за време на неговото учество на „Португал фудбал самит“.
Роберто Карлос поголемиот дел од својата кариера го помина во Реал Мадрид, со кој освои повеќе трофеи, а со Бразил стана светски шампион во 2002 година.
