Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека медиумите кои ги обвинува за објавување „лажни вести“, меѓу кои ги наведе Си-Ен-Ен, МС Нау и „Политико“, не треба да имаат пристап до Белата куќа.
Трамп тврди дека известувањето на овие медиуми за него е речиси целосно негативно и дека таквиот однос трае со години.
„Зошто на сторителите на лажни вести, како Си-Ен-Ен и МСДНЦ, треба да им биде дозволен пристап до едно толку свето место како Белата куќа? И покрај мојата голема изборна победа, речиси 100 отсто од известувањето за ‘Трамп’ е негативно, и тоа трае со години“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“.
Тој повторно побара на медиумите кои ги нарекува „лажни вести“ да не им биде дозволен пристап до Белата куќа, оценувајќи дека тоа „трае предолго“ и дека предизвикува „огромна штета“ за САД.
