Водоснабдувањето на неколку улици на територијата на Скопје ќе биде прекинато од 14:40 часот поради дефект на водоводната мрежа, соопшти попладнево ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Без вода ќе останат улиците „Хо Ши Мин“, „Милан Комненски“, „Ѓорѓи Костовски“, „Кирил Манчев“, „Краишка“, „Натанаил Кучевиски“, „Марјан Лазевски“, „Софре Марковски“, „Кота Ристовски“, „Петар Чангов“, „Лазо Дренков“, „Рудо“, „Дабница“, „Марко Крале“, „Андре Мазон“, „Зуфер Мусик“, „Љубо Петковиќ“, „Приштина“, како и дел од улицата „Призренска“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.
