Болницата 8-ми септември повторно ќе биде Ковид центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, во интервју за Канал 5 најави дека болницата 8-ми септември повторно ќе биде претворена во ковид центар, поради зголемениот број на случаи со коронавирус во земјава.

Оваа болница во минатото беше центар за пациенти со коронавирус. Меѓутоа по намалувањето на случаите летоска, полека се враќаше во нормала.

Поради пополнетите капацитети на Инфективната клиника, и на модуларната болница, вчера во ковид центар беа претворени и неколку оддели од Клинка.