„Бомби“ на праг на избори, Заев се правда за пцостите и зборовите што се слушаат во 4 објавени снимки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со наслов “вистината за Зоран Заев“ 4 нови аудио снимки се објавени на интернет. На нив се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој зборува со лице чиј идентитет се уште не е познат. Знаејќи дека ќе го прашаат за тоа, лидерот на социјалдемократите на прес конференција за медиумите одржана по средбата со коалиционите партнери, имаше подготвено одговори за да се оправда за тоа што се слуша во бомбите. Аудио снимката на која се слуша како го пцуе народот кој ќе гласа повторно за тогашната власт раководена од ВМРО-ДПМНЕ, Заев се правдаше велејќи дека бил убеден дека граѓаните ќе ги поддржат демократските политики а не режимот. Тоа го кажа за другата аудио снимка каде се слуша дека се негови “владините организации, тие кои се финансирани од Сорос и Студентскиот парламент“.

Во едната аудио снимка Заев се слуша како вели “Тоа што сега ќе го направи СЈО ќе повреди многумина“. Соговорникот му вели “Ако ми го чепнете Орце….“ а како одговор доби пцост од Заев кон лицето со име Орце. За тоа Заев не кажа ништо конкретно. Денеска рече само дека прислушувањата го потврдуваат неговиот став за чистење на криминалот и криминалците.

Лидерот на СДСМ не негира дека до дел од прислушуваните телефонски разговори пристап имал и таканаречениот Чауш кој е член на партијата а кој ги зел за превод од албански на македонски.

Снимките ги пренесе и ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција. Од таму бараат Заев да се извини јавно за тешките пцости кон народот, а додадоа дека сега му преостанува оставка.

Заев рече дека не сака да има валкана кампања.

Вицепремиерот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи тврди дека бомбите и натаму се објавуваат бидејќи до сега институциите не ја завршиле својата работа како што треба.

Пред два дена се појавија снимки на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој зборува со Зоран Милевски Кичеец вмешан во скандалот Рекет.