Борба за преживување – над 18.000 лица останале без работа поради коронакризата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

36-годишниот битолчанец Горан Пинза е дипломиран менаџер по туризам и угостителство, како и илјадници други во земјава е во „рацете на неизвесноста“ на новиот ден. 10 години работел како лиценциран туристички водич на територијата на нашата земја и во странство. За време на пандемијата е принуден да бара нова работа, бидејќи туризмот е најпогодена гранка од корона кризата. Моментално работи во угостителски објект, но со нивното затворање од денеска и тоа не се знае до кога. Мора да се продолжи вели тој со борбата за преживување.

„Лани овој период започна пандемијата останавме сите без работа. Повеќето од нас кои не беа директно вработени во туристичките агенции, бидејќи јас бев фриленсер и работев за повеќе туристички агенции, мораа да се снаоѓаат на различни начини. Јас почнав да работам во локал, во угостителски објект, но како што знаеме од денес ни таму нема да има работа, најмалку две недели, а дали ќе остане само толку останува да видиме“, истакна Горан Пинза.

Не е мал бројот и на мајки кои беа принудени да си дадат отказ поради тоа што сметаат дека градинките не се безбедно место во време на пандемија:

„Сама си дадов отказ, бидејќи сметам дека градинките не се безбедно место каде би можела да ги пратам моите деца во време на пандемија. Притоа сметам дека заслужувавме ние што сме на трудничко да ни го продолжат на одреден период макар да би била тоа и некоја минимална плата“.

Од почетокот на пандемијата во Македонија, заклучно со февруари оваа година евидентирани се 18 266 невработени како резултат од Ковид кризата. Вкупно во државата има 159 608 невработени.

Ова се најпогодените дејности во кои најмногу вработени останале без работа како нрезулатат на Ковид кризата.

„Најголемиот број од лицата кои останале без работа и се евидентирале во АВРО се од преработувачката индустрија 6 340 лица или 34,7 % и од дејноста трговија на големо и мало 3 545 лица или 19,4%. 1433 лица од објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 1097 од дејноста градежништво, 994 административни и помошни услужни дејности, 840 транспорт и складирање“, вели Абдуш Демири.

15686 високо образование

974 магистри

29 доктори на науки

Според основот на престанок на работниот однос 7 224 лица се поради истек на определено време, 4 366 поради спогодбен престанок на работен однос, 2 517 отказ од работникот, 1502 отказ од деловни причини, 1266 отказ од работодавачот, 422 стечај, ликвидација, 209 престанок на дејноста на работодавачот.