Борис Џонсон ја прими првата доза од АстраЗенека (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот премиер Борис Џонсон, ја примил првата доза на вакцината АстраЗенека, ден откако британските и европските регулатори ја потврдија сигурноста на таа вакцина.

„Ништо не почувствував“, рече конзервативниот лидер кој вакцината ја примил во болницата во Лондон, каде што минатата година се лекуваше од коронавирус.

Џонсон ги повика Британците да го сторат истото. Британскиот премиер минатата година добиваше кислород преку сонда во носот откако се зарази со вирусот, и имаше сериозни симптоми.

„Кога ќе добиете повик за вакцинација, ве молам да отидете и да се вакцинирате. Тоа е најдобро што можете да го сторите за себе, за фамилијата и за другите“, рече Џонсон.