Борисов: Ќе дојде време кога ЕУ ќе прашува дали некој е вакциниран или не

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Познавајќи како дејствува Европската Унија, ќе дојде време кога ќе прашува кој е вакциниран. Ќе биде како Грците што воведоа ПЦР тест, ЕУ ќе праша: Ај да видиме кој е вакциниран, а кој не“, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов за време на контролата на вакцините во Пловдив.

Во Бугарија ќе се издава и пасош на имунизација по примањето на вакцината.

Главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев објасни дека документот кој ќе се издава е разработен од Европската Комисија. Тој може да биде утре обврска кога ќе се патува во друга земја.